ВЕСТИ И ИНФОРМАЦИИ ОД ИНТЕРЕС НА ЧЛЕНОВИТЕ И ЈАВНОСТА
ПОВИК ЗА УЧЕСТВО НА РАБОТИЛНИЦА / ИНФО СЕСИЈА ЗА ЈАВНИТЕ ПРОСТОРИ И УЛОГАТА НА ГРАЃАНИТЕ И ОПШТИНИТЕ ВО НИВНО ПЛАНИРАЊЕ, ОДРЖУВАЊЕ И ТРАНСФОРМИРАЊЕ (10.11.2021, скопје, public room)
21.10.2021 (четврток)
Здружение КАЖИ КОГА Центар за инклузивен развој Скопје (КАЖИ КОГА) во рамки на проектот „Наш град“, поддржан од Амбасадата на САД организира еднодневна работилница (информативно-едукативна сесија) посветена на јавните простори и улогата на жителите и општините во нивното планирање, одржување и трансформација.
Работилницата е наменета за жителите на општина Аеродром и Кисела Вода, како и за сите оние чие привремено живеалиште е лоцирано во урбаните населени места на двете општини.
Целта на работилницата е учесниците да се запознаат со основите на концептот "Placemaking", односно, обликување и трансформирање на јавните простори заради зајакнување на врската помеѓу луѓето и општествениот простор кој го делат со останатите свои соседи, сожители, минувачи.
Дополнително, преку дискусија, размена на лични искуства и мислења, учесниците ќе ги мапираат запуштените простори кои со малку труд можат да бидат разубавени, како и ќе ги идентификуваат клучните проблеми со јавните простори во нивното соседство, маало, општина, а кои ги засегаат лично нив, ги засегаат нивните деца, пензионерите или било која категорија на граѓани.
Мислењата, препораките и заклучоците од работилницата треба да послужат како предлог-„мапа“ за поубави населби и маала, кој ќе се презентира пред двете општини.
Работилницата ќе се одржи во Public Room на 10 ноември 2021 година со почеток во 10:30 часот.
Пријавете се на следниот линк веднаш: https://forms.gle/PvVhrSJwbAxuDXoS6 или пишете ни на: [email protected]
Бројот на места е ограничен.
НАПОМЕНА: бидејќи работилницата е со лично присуство и ќе вклучува група од 20 луѓе, доколку сакате да учествувате, задолжително е да поседувате сертификат за вакцинација против Ковид-19 или потврда за прележан ковид, не постар од 6 месеци.
Ве очекуваме!
--
Проектот „Наш град“ е поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците или препораките изнесени овде се на имплементаторите/ авторите, и не ги одразуваат оние на Владата на САД.

ОДЛУКА ЗА ИЗБОР НА АРХИТЕКТ/И - ОБУЧУВАЧИ ЗА РАБОТИЛНИЦА ВО РАМКИ НА ПРОЕКТ „НАШ ГРАД“
21.10.2021 (четврток)
На 21.10.2021 година, Здружение КАЖИ КОГА - Центар за инклузивен развој Скопје ја донесе следната:
О д л у к а
за избор на архитекти - обучувачи
По повикот за архитект/и - обучувачи за претстојните работилници односно, информативно-едукативни сесии (Делчево и Скопје) во рамки на проектот „Наш град“ поддржан од Амбасадата на САД и објавен на 17.09.2021 година, пријавени беа 6 кандидати. По процедурата за оценка на пристигнатите пријави и биографии на кандидатите, како и обавени интервјуа со двајца од истите и доставени предлог-програми и методологија за работилниците избрани беа:
1. За Скопје - Ива Петрунова, магистар инженер архитект и доктор по социологија со повеќегодишно искуство како асистент на МИТ Универзитетот - факултет за архитектура и искуство во приватен сектор, вклучително и граѓански сектор и,
2. За Делчево - Дамјан Балковски, магистар во областа урбанизам и докторант на Универзитетот во Белград на ист смер, со повеќегодишно искуство како асистент на МИТ Универзитетот - факултет за архитектура и долга листа на објавени трудови, статии и сл. на теми поврзани со урбанизам, placemaking, јавни простори и сл. со стручно познавање на јавните простори и архитектурата во Делчево и пограничните градови како Берово, Македонска Каменица и сл.

ОДЛУКА ЗА ИЗБОР НА НАЈПОВОЛЕН ПОНУДУВАЧ ПО ПОВИК БР.1/2021 ОД 06.09.2021 ЗА НАБАВКА И ПЕЧАТЕЊЕ НА ПРОМОТИВНИ МАТЕРИЈАЛИ ЗА ПОТРЕБИТЕ НА ПРОЕКТ „НАШ ГРАД“
21.10.2021 (четврток)
Врз основа на член 34 од Статутот на Здружение на граѓани КАЖИ КОГА - Центар за инклузивен развој Скопје изменет и дополнет на ден 26.07.2021 година, извршниот директор на здружението ја донесе следната:
О д л у к а
за избор на најповолен понудувач:
По отворениот повик бр. 1/2021 од 06.09.2021 година за набавка и изработка на промотивни материјали за потребите на проектот „Наш град“ финансиски поддржан од Амбасадата на САД се избира ПОЛИЕСТЕРДЕЈ Д.О.О.Е.Л ЕКСПОРТ ИМПОРТ СКОПЈЕ - ДРУШТВО ЗА ГРАФИЧКА ДЕЈНОСТ, ТРГОВИЈА И УСЛУГИ.
Оваа одлука влегува во сила од денот на објавувањето.
О б р а з л о ж е н и е:
По повикот за набавка и изработка на промотивни материјали за потребите на проектот „Наш град“ со бр. 1/2021 од 06.09.2021 година во вредност од 500 УСД во денарска противвовредност, без вклучен ДДВ доставени беа четири понуди.
Врз основа на предлогот од извештајот на Комисијата за разгледување и евалуација на понудите, како најповолна е избрана понудата на ПОЛИЕСТЕРДЕЈ ДООЕЛ Експорт импорт Скопје со понудена цена од 22.955,00 денари без вклучен ДДВ.
Комисијата утврди дека според критериумот цена оваа понуда освои 30.00 бода, според критериумот документација понудата исто така освои 30.00 бода и според критериумот професионално искуство 37.00, или вкупно 97.00 бода од вкупно100 можни бода.
Извршниот директор на здружението ќе склучи договор за набавка и изработка на брендирани промотивни материјали со најдобриот понудувач.
Примерок од оваа Одлука, заедно со известувањето ќе се достави до понудувачите што учестувале во постапката.
Скопје, 07.10.2021 година Здружение КАЖИ КОГА Скопје
Извршен директор,
Стојне Тодоровска

ОДЛУКА ЗА ИЗБОР НА НАЈПОВОЛЕН ПОНУДУВАЧ ПО ПОВИК БР.2/2021 ОД 06.09.2021 ЗА НАБАВКА НА ФОТО И ВИДЕО УСЛУГИ ЗА ПОТРЕБИТЕ НА ПРОЕКТ „НАШ ГРАД“
21.10.2021 (четврток)
Врз основа на член 34 од Статутот на Здружение на граѓани КАЖИ КОГА - Центар за инклузивен развој Скопје изменет и дополнет на ден 26.07.2021 година, извршниот директор на здружението ја донесе следната:
О д л у к а
за избор на најповолен понудувач:
По отворениот повик бр. 2/2021 од 06.09.2021 година за набавка фотографски и видео услуги за потребите на проектот „Наш град“ финансиски поддржан од Амбасадата на САД се избира ТОРОС ФИЛМ СТУДИО СКОПЈЕ.
Оваа одлука влегува во сила од денот на објавувањето.
О б р а з л о ж е н и е:
По повикот за набавка и изработка на промотивни материјали за потребите на проектот „Наш град“ со бр. 2/2021 од 06.09.2021 година во вредност од 500 УСД во денарска противвовредност, без вклучен ДДВ доставени беа пет понуди.
Врз основа на предлогот од извештајот на Комисијата за разгледување и евалуација на понудите, како најповолна е избрана понудата на ТОРОС ФИЛМ СТУДИО СКОПЈЕ со понудена цена од 25.000,00 денари без вклучен ДДВ.
Комисијата утврди дека според критериумот цена оваа понуда освои 28.8 бода, според критериумот документација понудата исто така освои 25.00 бода и според критериумот професионално искуство 33.00, или вкупно 86.8 бода од вкупно100 можни бода.
Извршниот директор на здружението ќе склучи договор за набавка на фотографски и видео услуги со најдобриот понудувач.
Примерок од оваа Одлука, заедно со известувањето ќе се достави до понудувачите што учестувале во постапката.
Скопје, 07.10.2021 година Здружение КАЖИ КОГА Скопје
Извршен директор,
Стојне Тодоровска
О д л у к а
за избор на најповолен понудувач:
По отворениот повик бр. 2/2021 од 06.09.2021 година за набавка фотографски и видео услуги за потребите на проектот „Наш град“ финансиски поддржан од Амбасадата на САД се избира ТОРОС ФИЛМ СТУДИО СКОПЈЕ.
Оваа одлука влегува во сила од денот на објавувањето.
О б р а з л о ж е н и е:
По повикот за набавка и изработка на промотивни материјали за потребите на проектот „Наш град“ со бр. 2/2021 од 06.09.2021 година во вредност од 500 УСД во денарска противвовредност, без вклучен ДДВ доставени беа пет понуди.
Врз основа на предлогот од извештајот на Комисијата за разгледување и евалуација на понудите, како најповолна е избрана понудата на ТОРОС ФИЛМ СТУДИО СКОПЈЕ со понудена цена од 25.000,00 денари без вклучен ДДВ.
Комисијата утврди дека според критериумот цена оваа понуда освои 28.8 бода, според критериумот документација понудата исто така освои 25.00 бода и според критериумот професионално искуство 33.00, или вкупно 86.8 бода од вкупно100 можни бода.
Извршниот директор на здружението ќе склучи договор за набавка на фотографски и видео услуги со најдобриот понудувач.
Примерок од оваа Одлука, заедно со известувањето ќе се достави до понудувачите што учестувале во постапката.
Скопје, 07.10.2021 година Здружение КАЖИ КОГА Скопје
Извршен директор,
Стојне Тодоровска
повик за набавка на услуги - фото и видео
06.09.2021 (понеделник)
Заради потребата од спроведување кампања по социјалните и традиционални медиуми, за промоција на активностите и целите на проектот „НАШ ГРАД“ финансиски поддржан од Амбасадата на САД во земјата, Здружение КАЖИ КОГА - Центар за инклузивен развој Скопје распишува:
П О В И К
за набавка на следните услуги:
Критериумите и начинот за учество на повикот се опишани на следниот линк.
Краен рок за доставување на документација е 21.09.2021 година.
За повеќе информации и детали: [email protected] и 076 669 565.
П О В И К
за набавка на следните услуги:
- Изработка на професионални фотографии и видео записи од 10 активности во Скопје и Делчево (5 Скопје, 5 Делчево) и,
- Изработка на промотивно видео за подигнување на јавната свест за темите учество на граѓаните во урбаното планирање и јавните простори.
Критериумите и начинот за учество на повикот се опишани на следниот линк.
Краен рок за доставување на документација е 21.09.2021 година.
За повеќе информации и детали: [email protected] и 076 669 565.
ПОВИК ЗА НАБАВКА НА УСЛУГА - ИЗРАБОТКА И ПЕЧАТЕЊЕ НА ПРОМОТИВНИ МАТЕРИЈАЛИ
06.09.2021 (понеделник)
Заради потребата од спроведување кампања за промоција на активностите и целите на проектот „НАШ ГРАД“, финансиски поддржан од Амбасадата на САД во земјата, Здружение КАЖИ КОГА - Центар за инклузивен развој Скопје распишува:
П О В И К
за набавка на следната услуга
Процедурата за учество и критериумите за избор се опишани во повикот на следниот линк.
Краен рок за доставување документација е 21.09.2021 година.
За дополнителни информации и консултации: [email protected] и 076 669 565.
П О В И К
за набавка на следната услуга
- Изработка и печатење на промотивни материјали заради организирање на теренска кампања за потребите на проектот и тоа:
- 100 парчиња промотивен флаер А4
- 5 парчиња промотивен постер А3
- 1 рол банер 85х200
- 50 парчиња брендирани беџови 57 mm
- 50 парчиња брендирани пенкала
- 50 парчиња брендирани тетратки/тефтери
- 100 парчиња брендирани подметнувачи за чаши
- 10 брендирани чадори
- 5 брендирани ветровки јакни
- 5 брендирани УСБ ламби
Процедурата за учество и критериумите за избор се опишани во повикот на следниот линк.
Краен рок за доставување документација е 21.09.2021 година.
За дополнителни информации и консултации: [email protected] и 076 669 565.
ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ ЕКСПЕРТ - АРХИТЕКТ ЗА ОДРЖУВАЊЕ РАБОТИЛНИЦА ЗА УРБАНО ПЛАНИРАЊЕ И ЈАВНИ ПРОСТОРИ
06.09.2021 (понеделник)
Заради потребата од унапредување на капацитетите на активистите и граѓани од неколку населени места во Скопје и Делчево за активно учество во процесот на урбано планирање и трансформација на неискористените јавни површини во зелени, функционални, корисни и одржливи простори, Здружение КАЖИ КОГА - Центар за инклузивен развој Скопје, за потребите на проектот „НАШ ГРАД“, финансиски поддржан од Амбасадата на САД во земјата распишува:
П О В И К
за ангажирање на еден или двајца експерти - архитекти заради одржување на работилница за урбано планирање и јавни простори во Скопје и/или Делчево.
За повеќе информации контактирајте не на: [email protected] или 076 669 565.
Целосниот повик е достапен на следниот линк: ToR_експерт_архитект

ПОТПИШАН ДОГОВОР СО АМБАСАДАТА НА САД ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ЗА ПРОЕКТОТ „НАШ ГРАД“
28.07.2021 (среда)
На 28.07.2021 година, Здружение КАЖИ КОГА Скопје, потпиша 6-месечен договор за финансиска поддршка на проектот „Наш град“ со Амбасадата на САД во РСМ.
Проектот цели да го адресира отсуството на активно учество на граѓаните во урбаното планирање и конкретно уредувањето на јавните простори. Преку серија од активности во кои ќе бидат вклучени локално население, деца и младинци, родители, институции, граѓански организации, проектот треба да инспирира идни акции за „освојување“ на неискористените и неодржувани простори од страна на локалните жители и нивно прилагодување на потребите на обичниот човек.
Активностите на проектот стартуваат на 20.08.2021 година. Истите ќе се спроведуваат во партнерство со Регионален центар за застапување (РЦЗ) Делчево. Проектот завршува на 20.02.2022 година.
За повеќе информации како и изразување интерес за вклучување обратете се не: [email protected].

покана за четврто генерално собрание на здружението
19.07.2021 (понеделник)
До членовите на Здружение КАЖИ КОГА Скопје
Врз основа на член 20 и 21 од Статутот на Здружението од 17.07.2021 година, претседателот на Собранието на Здружението ги повикува сите членови на здружението на редовна седница на Собранието на која ќе се разгледаат следните точки од дневниот ред:
Седницата ќе се одржи на 26.07.2021 (понеделник) во 18:00 часот.
Истата, заради неможноста физички да присуствуваат сите членови на здружението, но и поради превенција и заштита од корона вирусот ќе се одржи он-лајн преку платформата Zoom.
Линк до сесијата заедно со сите дополнителни документи и поканата ќе им бидат испратени на членовите електронски.
Поради важноста на дневниот ред се замолуваат сите членови и заинтересирани страни да се вклучат на сесијата.
За повеќе информации: [email protected]

- Регистрација и верификација на членовите;
- Актуелни состојби во здружението и работата на Управниот одбор на здружението;
- Преглед на предлогот за отповикување на извршен член од Управниот одбор на здружението;
- Преглед на предлогот за престанок на функција на Извршен директор;
- Преглед на предлогот за престанок на членството на дел од основачите на здружението;
- Избор на неизвршен член на Управниот одбор;
- Избор на единствен Извршен директор и застапник по закон на здружението;
- Преглед на предлогот за измена и дополнување на Статутот на здружението.
Седницата ќе се одржи на 26.07.2021 (понеделник) во 18:00 часот.
Истата, заради неможноста физички да присуствуваат сите членови на здружението, но и поради превенција и заштита од корона вирусот ќе се одржи он-лајн преку платформата Zoom.
Линк до сесијата заедно со сите дополнителни документи и поканата ќе им бидат испратени на членовите електронски.
Поради важноста на дневниот ред се замолуваат сите членови и заинтересирани страни да се вклучат на сесијата.
За повеќе информации: [email protected]
ПОКАНА ЗА ТРЕТО ГЕНЕРАЛНО СОБРАНИЕ НА ЗДРУЖЕНИЕТО
10.07.2020
До сите членови на Здружение КАЖИ КОГА Скопје
На 22.07.2020 година, Здружението ќе одржи редовна седница на Собранието со почеток во 19:00 часот со следниот дневен ред:
1. Регистрација и верификација на членовите;
2. Актуелни состојби во Здружението;
3. Работа на здружението во време на ковид кризата;
Седницата ќе се одржи он-лајн на платформата Zoom.
Поканата за истата ќе им биде доставена на члнеовите електронски.