ДОБРЕДОЈДЕ |
|
стани наш член |
Каков ќе биде овој наш дом, оваа наша заедница, улица, училиште или институција, од тебе зависи. Вклучи се уште денес!
Вклучи се уште денес
|
Оваа веб страна е посветена на нас-мала група на граѓани-професионалци, кои сонуваат и работат сериозно и посветено на тоа да станат мала група на големи активисти, кои ќе остават уште поголеми и попозитивни траги во општеството и врз животот на луѓето и заедниците. |
Ние сакаме да го подобриме животот на сите луѓе и заедници-подеднакво. Да помогнеме во градењето на поволна средина за напредок и развој базирани врз принципот на еднакви можности и вклученост. Ние целиме да понудиме сериозни решенија за сериозни општествени проблеми. |
Ние сме убедени дека солидарноста, почитувањето на различностите и хуманиот пристап се доволни за да се врати вербата во себе и довербата меѓу луѓето, заедниците и институциите. Ние почнуваме од таа верба и доверба, верувајќи дека преку нејзино грижливо негување, ќе постигнеме инклузија. |
“
ЗАЕДНО МИСЛИМЕ ДА ОСМИСЛИМЕ ПОДОБРИ ПОЛИТИКИ И ПРОГРАМИ ДА ПОТТИКНЕМЕ РАЗВОЈ ОБЕЗБЕДИМЕ ДОКАЗ ПРОМОВИРАМЕ ЧОВЕКОВИ ПРАВА СЕ ЗАСТАПУВАМЕ ЗА ПОТРЕБИ НА ЛУЃЕТО И ЗАЕДНИЦИТЕ... |
Сакајќи да бидеме дел од оние кои мотивираат и инспирираат промени, се обединивме со намера да го подобриме статусот на жените и девојките, на младите и на сите обезправени и деградирани луѓе и заедници; да ги издигнеме луѓето и нивните потреби на прво место, и да го насочиме фокусот врз теми кои го засегаат напредокот на земјата-национално и локално. |
Ние истражуваме, едуцираме, вклучуваме и јакнеме луѓе и заедници, помагајќи им да се интегрираат во општеството и да го искористат својот полн потенцијал за успех. |
НАШАТА ВИЗИЈА
Ние замислуваме дека еден ден, Македонија ќе биде општество во кое, сите ќе имаат еднакви можности за успех, и сечие мислење, труд и потреба ќе се третираат подеднакво, со подеднакво внимание и ресурси за реализација. |
НАШИТЕ ВРЕДНОСТИ
|
|
Ако информирани граѓани се силни граѓани, нека да ги информираме и нека ние, како тим, се информираме и едуцираме-континуирано. |
Ако една ластовичка не прави пролет, нека да се собереме повеќе ластовички и нека да целиме кон долготрајни пријателства и отворена соработка со сите. |
Ако веќе правиме нешто, тогаш нека да го направиме најдобро што можеме-од идеја до план, стратегија, реализација и известување за напредок |
Ако сакаме одговорни, транспарентни и отчетни институции, нека да бидеме пример за одговорност, транспарентност и отчетност. |
Во очекување сме на веселата и посветена дружина која ќе ги испишe останатите страници од КАЖИ КОГА. |
|
НЕМА ПОДОБАР МОМЕНТ ОД СЕГА @kazikogamk |
Поврзи се со нас: |
Пиши ни на: [email protected] Секогаш отворени за интересни приказни, критики и поддршка |